Во реализацијата на програмата, како кандидат за градоначалник на општина Кочани, денес сакам да ви презентирам два клучни проекти, решавање на сообраќајниот метеж и претворање на Локубија во градски парк, истакна кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Папазов.
За решавање на сообраќајниот метеж ќе изградиме нов јужен влез во градот, со булеварско решение, од магистралниот пат А3 кај Зрновска клучка од која се двои нова индустриска улица преку која товарниот сообраќај во централното градско подрачје ќе стане минато. Со изградбата на катна гаража на најпогодна локација блиску до центарот ќе ги ослободиме сообраќајниците од паркираните возила. Постоечкото паркинг решение во строгиот центар ќе го реорганизираме и унапредиме. На Кочанска река ќе изградиме два нови сообраќајни мостови, едниот кај Џамијата, а другиот за поврзување на улиците Вера Которка и Лазар Андонов, со што протокот на возила ќе стане побрз и побезбеден – вели Папазов.
Посочува дека граѓаните на Кочани заслужуваат простор каде ќе го минуваат времето во прошетки и зелени површини за одмор и рекреација.
Градски парк со комплетна инфраструктура, хортикултурни решенија и современо осветлување. Во исто време споменикот на слободата ќе се претвори во собиралиште за одржување на културни манифестации на отворено а Локубија ќе стане посакувана дестинација за кочанчани и сите во градот. За Промени, за Проекти, за нови Победи – наведува кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.