Приказната за отец Франциск од Азизи, почнува пред 800 години. Младиот Франциск не сакал да го наследи бизнисот од негиовиот богат татко, па така почнал да се моли секојдневно пред исусовиот крст, надевајќи се дека ќе го добие одговорот што да прави. Еден ден слуша глас кој му вели “Франциск оди и обнови ја мојата куќа”..Не знаејќи што точно значи овој глас Франциск одлучува да живее во сиромаштија, да биде солидарен со изнемоштените, едноставните, болните. Франциск од Азизи станува револуционер во смисла на целото човештво. Заедно со неговото братство одлучуваат да ја донесат потребната промена за доброто на човештвото.

По 800-тини години, на 13.03.2013 година, белиот чад од ватиканската базилика Свети Петар сигнализира дека кардинал Хорхе Марио Бергоглио е новиот понтиф, кој со своите ставови еднакви на оние од отец Франциск од Азизи, полека ќе почне да ја менува конзервативната католичка црква, но и да го изненадува светот со своите размислувања.

Роден на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес, од мајка Аргентинка и татко Италијанец, Хорхе Бергоглио отсекогаш сакал да учи, го сака животот, но никогаш не ја преминал моралната страна…златната средина му била омилена. Сака да ужива во животот, но одлучува тоа да биде ниту малку, ниту многу. Неговата заразна насмевка не ги остава рамнодушни и девојките..Една од нив го заробува и неговото срце, но ќе мора да ја остави за да и се посвети на животната цел – да ја донесе потребната промена за општото добро на човештвото.

По добивањето диплома за хемиски техничар, Хорхе Бергоглио работи како обезбедувач во кафе бар, а потоа и како хигиеничар. Во својата 21 година добива сериозна пневмонија и поради трите цисти извадено му е едното белодробно крило. Еден пролетен ден, одејќи на секојдневните молитви во црквата, младиот Хорхе е фасциниран од разговорот со отецот, по што одлучува да стане дел од одредот на Језуистите, кога одлучува религијата да биде неговата вокација заветувајќи се на сиромаштија, искреност и покорност во животот. Во 1967 ги завршува теолошките студии, но последниот, четврти завет од Језуитските студии, завет познат и како покорност кон папата ги финишира во 1973 година. Ја добива титулата професор, но самиот продолжува со надообразба низ цела Европа. Студира филозофија и литература..Сепак, во 1992 та, Бергоглио е замолен повеќе да не ги посетува језуитските домови, поради неговите несогласувања со теоријата за ослободување на Језуитите и неговата работа како помошен бискуп во Буенос Аирес. Тој се повлекува, и оттогаш е во виртуелно оттуѓување од језуитите се додека не стане поглавар на римокатоличката црква.

Веднаш добива титула бискуп од католичката црква, по што се редат титули се до смртта на Кардинал Куарачино, надбискуп на Буенос Аирес, кога Бергоглио го наследува, а по три години во 2001 ја добива и финалната титула кардинал. Бергољо живее како и отец Франциск од Азизи, едноставен и скромен живот. И покрај тоа што ги има сите удопства од бискупството, сепак на работа оди со јавен транспорт, и смета дека тоа е привилегија – да си во единство со обичниот човек. Неговата желба да биде со отфрлените од општеството го прават омилен меѓу нив, но го забележуваат и елитистите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.