На покана на Жандармскиот корпус на Ватикан делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, од 16 до 18 април престојува во Ватикан, во склоп на подготовките на посетата на светиот отец, папата Франциск на земјава.

Делегацијата на МВР беше примена од неговата светост папата Франциск, а оствари средба и со Доменико Џијани, раководител на Дирекцијата за безбедност и цивилна заштита, информира МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.