Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Папајоану, на брифинг со новинарите изјави дека за Грција е особено важно европската перспектива на земјите од Западен Балкан да остане на маса во Европската Унија.

Папајоану објасни дека, доколку состанок на на шефовите на дипломатиите на ЕУ бил со физичко присуство, а не преку видеоконференција, ќе се се одржел работен појадок во организација на Грција, со учество на министрите за надворешни работи на Македонија и на Албанија, а потоа ќе имало и стратешки разговор на ниво на ЕУ за Западен Балкан, нешто што веројатно ќе се одржи во мај, на следниот совет за надворешни работи.

Одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на најавата од Белград пред две седмици, по средбата на шефовите на српската и грчката дипломатија за одржување трилатерална средба Грција-Македонија-Србија на Крф, портпаролот на грчкото МНР изјави дека засега нема одреден датум за одржување, но е нешто кое е апочнато и изрази надеж дека ќе биде што е можно поскоро, секако во зависност и од условите наметнати од пандемијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.