Владата вчера донесе одлука за нови рестриктивни мерки во Македонија, со цел да се сопре ширењето на коронавирусот. Тие мерки наидоа на многу негативни критики од населението во Македонија, а одлуките не му се јасни и на микробиологот Никола Пановски.
Тие што се одговорни и платени да нè заштитат, нека кажат зошто го дозволија ова. По кои епидемиолошки критериуми дозволија влез на лица од земји со висок број на заразени слободно да влегуваат во земјава и зошто дозволија свадби во затворен простор?, вели за „Фокус“, Пановски.
Состојбата во Македонија со коронавирусот значително се влоши во изминатата седмица, а во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 378 нови случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.