Епидемиолог доктор Никола Пановски во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма обвинува дека во здравствените установи кои се над 100 наместо стручен кадар се поставени партиски активисти, односно како што рече тој има центри за јавно здравствените институти имате лекари кои не се специјалисти од областа во која се специјалностите, а тоа се епидемиологија, микробиологија, хигиена, медицина на трудот, туку други области, давајќи го примерот со Институтот за туберкулоза каде што бил поставен гинеколог специјалист.
Партиите треба да се откажат од тоа задоволство на тие места, затоа што има список во партиите која партија го дели пленот кога ќе освојат некоја тврдина и после се дели пленот што е заработено, треба здравствените установи 100 и нешто се на број да се тргнат. Значи ние во оваа ситуација имаме институти кои се сметаат за нешто споредно.
И таму имате лекари кои не се специјалисти од областа во која се специјалностите, а тоа се епидемиологија, микробиологија, хигиена, медицина на трудот, туку други области. Тоа е како да ме ставите на хирургија да бидам стручен раководител. Значи тоа се случува во јавното здравје. Значи имате хирурзи, имате општи лекари, некаде не се ни доктори и се мислеше дека тие се небитни и не е страшно. Имавме на институт за туберкулоза, гинеколог специјалист, мислам како да ви кажам, од надвор донесен, на што личи тоа, прашува доктор Пановски.
Според него првата реформа во здравството би било токму тоа партиите да се откажат од поставување на партиски членови на овие позиции, доколку се сака да се тргне напред.
Ако сакат да тргнеме треба само да се откажат од овие 100 и нешто места, тоа е првата реформа, без таа нема да тргнеме, смета тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.