Неподготвеноста на надлежните институции е главната причина поради која децата наместо на 1 септември во училишните клупи ќе седнат еден месец подоцна, вели доктор Никола Пановски за „Сител“.
Смета дека владината одлука училиштата да се отворат од 1 октомври е погрешна. Останува на ставот дека децата со настава требале да почнат уште овој месец, бидејќи сè уште е топло и можат да се проветруваат училниците или пак да учат на отворено.
Пановски смета и дека наставата со физичко присуство согласно здравствените протоколи, ќе се одвива отежнато. Според него, идните средношколци, сè уште имаат време да се запознаат со своите наставници на отворен простор или во големите училишни простории како што се фискултурните сали, со цел од октомври, подготвени да почнат со онлајн настава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.