Епидемиологот д-р Никола Пановски, смета дека според бројот на хоспитализирани, а секако не се хоспитализираат луѓе без потреба во вакви пикови, можеше да се очекува драстичниот раст на број на починати од Ковид-19.
Тој во централниот Дневник на Сител телевизија истакна дека процентот на смртност поради корона вирусот, кој воедно не се кажува јавно, изнесува околу 30 проценти до сега воопшто не се намалил, поради тоа што кај нас не се најде соодветен лек и пациентите се лекуваат на исти начин како и за време есенскиот пик.
„Никогаш не е кажан, меѓутоа се слушна процентот на починати на на, можеби најдобрата заедно со, инфективната и „8 септември“, ковид центар на интерните клиники од координаторот професор Докиќ дека е 25, меѓутоа од разни статистики од други луѓе што анализираат, процентот на смртност е околу 30 проценти. И, не е тешко да се прерачуна ако имате 1700 хоспитализирани, колку ќе си одат дома колку нема да си одат дома, и од таа бројка ќе испадне околу 500 рачунајте во следните 10 дена, тоа ќе варира, меѓутоа тоа е процентот. Не се намали процентот на смртност, не се пронајде некој нов лек. Бар кај нас лекувањето мислам дека е такво какво што беше наесен и бројот на смртни случаи го прати бројот на ново откриените случаи на на хоспитализираните пациенти“, истакна Пановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.