Микробиологот Никола Пановски вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме околу тоа дали 2022 година ќе ја започнеме со „цунами“ на омикрон.
Тој вели дека ние имаме неверојатен процент на починати. Тој вели дека не знае зошто овој сој ги парализирало САД, кога самата изолација трае само пет дена.
„Мене ме интересира што кај нас на 300, имаме 15 починати лица што е неверојатен, нечуен процент. Треба да се види што е, дали не ги фаќаме позитивните, затоа што во овие земји што ги кажувате смртноста е 0,1% и пред омикрон и сега“, вели Пановски.
Тој вели дека од негови неразбирливи причини, европските земји не ја кажуваат смртноста од омикрон сојот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.