Овие мерки на Владата претставени од министерот за здравство не личат на мерки за спречување на нов бран на корона, бидејќи оние кои ќе се вакцинарираат ќе имаат дури во февруари имунитет. Јас би донел поинакви мерки или би направил мерки веднаш и сега. Ова сега е еден вид кампања за поттикнување која требаше да ја има одамна, а сега личи на кампања за присилна вакцинација, рече микробиологот Никола Пановски во вечерашната „Само вистина“. Според Пановски, мерките за стекнување на имунитет не треба да ги делат граѓаните.

Зошто само за вработени во јавни установи, не може да се прават разлики за ова. Има многу нелогичности. Има човек кој пет пати дарувал крвна плазма има неколку илјади антитела и нема право на сертификат, кажа Пановски.

Според него вакцинацијата во Македонија генерално трае многу кратко.

Но, ова што го прави Македонија го нема никаде, не може да се ограничуваат луѓе кои вистиснки прележале, имаат антитела. Има осум починати прележани од февруари 2020 година, споредено со 400 или 350 починати комплетно вакцинирани, не знам за што треба понатаму да дискутираме, рече Пановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.