Професор д-р Никола Пановски е еден од учесниците во дебатната емисија „Клик Плус“ на ТВ21, каде вечерва се дебатира за коронавирусот и дали нешто сме научиле во овие 6 месеци пандемија. Според Пановски вечна е дилемата дали мерктие кои се превземаат се неопходни.
Вечна дилема е дали мерките кои се превземаат дали се неопходни. Уште не е откриено зошто едни луѓе реагираат на еден начин, а други на друг начин на вирусот, рече Пановски.
Тој додаде дека и ден денеска не му е јасно зошто се затворале парковите.
Цело време кажував луѓето да излегуваат надвор. Не ми е јасно зошто им забрануваа да излегуваат. Карантините беа престроги. Вирусот надвор не се шири. Некои мерки ми се нелогични и ден денеска. Како да побудалеле луѓево. И никој не кажува зошто се прави тоа, посочи Пановски.
Тоа е контра оние најави на министерот за здравство Венко Филипче, кој најави дека ако се влошува епидемиолошката состојба, ќе се воведе задолжително носење маски и на отворен простор и додека сте сами.
Ако сте на личност со поблиску до два метри. На корзо во Охрид треба маска, но не ставаат. Но кога сте сами, апсолутно нема потреба од маска, рече Пановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.