Вечерва во емисијата „Само Вистина“ гостуваа Драган Даниловски и Никола Пановски кои укажаа дека поради грешките на власта, одбивањето на Русија и Кина за вакцини, единствено3 македонските граѓани сега страдаат и не можат да се вакцинираат против КОВИД-19.

Сите средства треба да се употребат при набавка на вакцини. Јас неодамна и апел упатив до власта, сите средства да се употребат, сите методи, па и играње голф да се употребат и луѓе кои што играат и голф со газдите на фармацевтските компании, да речам така или кои што пијат кафе неделно. Мора да се употребат сите средства, да се излобира на сите страни за да дојдеме до вакцини – рече Даниловски.

Даниловски додаде дека Македонија за жал се уште е во фаза на чекање за вакцини.

Јас еве имам во телефон од декември 500.000 дози од „Синовак“вакцина, предлог договор до македонската влада на која не одговара. Мене тоа на меил ми го имаат испратено – укажа Пановски.

Пановски укажа дека власта ги лаже граѓаните за вакцините.

Нашата влада не одговори на Кина, не одговори ниту на Русија за вакцините – нагласи Пановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.