Мерката за носење маски на отворено е сосема нејасна, јас лично еве како стручно лице не ја разбирам. Не знам како оваа мерка да ја почитувам, рече во вчерашното гостување на „Што не е јасно“ д-р Никола Пановски.
Додава дека е разочаран и збунет, а дека за оваа нелогичност го прашал и министерот Венко Филипче.
Според меркава иако сум сам во канцеларијата јас морам маска да носам. Вчера го прашав министерот зошто не носи маска, тој ми одговара дека зборува. Јас не наидов во новите мерки дека ако некој зборува не треба да носи маска, нагласи Пановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.