По најавите од Министерството за здравство дека од понеделник ќе се дозволи вакцинација на деца од 12 до 16 години со вакцината „Фајзер“, микробиологот д-р Никола Пановски, за „360 степени“ коментира дека главен фокус на вакцинацијата во моментов треба да се возрасните и ранливите групи на граѓани, а не децата.
Мислам дека прво треба да се вакцинираат луѓето над 60 години. Не знам зошто би се вакцинирале децата, мислам дека целата работа е некако наопачки. Вакцинирањето е доброволно и пак ќе си ги вакцинираат децата оние што веќе се вакцинирани и нема да се заштитат фамилиите каде никој не е вакциниран. Не знам, може е само најава, но очигледно има потреба да се вакцинираат ранливите, ризичните групи на граѓани. Не е во ред да се заштитутваат тие луѓе со тоа што ќе ја вакцинираме нивната околина и тоа децата кои лесно го поминуваат вирусот. На 17 отсто проценти вакцинирани граѓани да се зборува за вакцинирање на деца, тоа не ми е логично. Тоа може да се зборува кога ќе имаме 75-80 отсто вакцинирано население – вели Пановски.
Според него, околу 70 отсто од децата досега се природно имунизирани и засега, не би препорачал нивна вакцинација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.