Наместо да се дискутира врз основа на научни факти, политички се утврдуваат личности, тоа не може да биде работа или начин на работа на мешовитата комисија меѓу Македонија и Бугарија, рече Митко Панов од Институтот за национална историја на гостувањето на телевизија Канал 5 во емсијијата Само вистина.

Според него не може да се дискуртира политички, а потао на одредени личности да им се дава историски контекст.

-Наместо да се дискутира врз онова на научни факти, политички се утврдуваат личности и потоа треба да им се даде историски контекст. Затоа сега ситуацијата е ваква каква што е, затоа е ваков резултат сега, рече Панов.

Панов вели дека „не смееме изолирано да ја гледаме комисијата зошто имаме уште една комисија со Грција каде меѓу кои дефинитивно многу работи се редефинираат како и употребата на македонски во историски контекст“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.