Дека Македонија вчера забележа рекорднен број на новозаразени во едно деноноќие очигледно не ги загрижува младите струмичани, а најмалку пак газдите на ноќните клубови во градот.
Пазарниот инспекторат во петокот направил контрола и веќе поднел кривична пријава за клубот Аватар, но и покрај тоа клубот не престанал со работа. Спорет пишувањата во медиумите и на социјалните мрежи на вчерашната забава, кога Македонија сруши рекорд по бројот на заболени, настапил пејачот Ѓоко Ковиќ.
Заев може слободно да одмора, пошто Филипче ја уби короната во Македонија, напиша на неговиот фејсбук профил аналитичарот Александар Пандов. Тој во постот сподели и фотографија од синоќа од ноќниот клуб Аватар во Струмица.
Истој овој клуб веќе подолго време помпезно ги најавува своите журки. За петочната журка било побарано од посетители да ги почитуваат протоколите, иако такви не се донесени.
Вакво сведовштво на нејзиниот фејсбук профил синоќа сподели и новинарката Вики Клинчарова каде од прикачената фотографија за која вели дека е од еден од клубовите во Струмица може да се види дека буквално нема игла каде да се фрли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.