По потпишувањето на ,,добрососедскиот“ договор со Бугарија од страна на Заев во август 2017 година, со кој му прифати на Бојко Борисов да имаме заедничка историја со Бугарите, како услов за почеток на преговори со ЕУ, на секој малку нормален и со три чисти во глава му беше јасно дека така формулираниот договор во превод со народски јазик кажано значи дека Бугарите имаат документ со кој можат од нас да бараат прво ние да станеме Бугари, со заедничка историја, јазик, револуционери и светци до се’, па дури потоа пазете, да започнеме преговори со ЕУ, а за полноправна членка е тек знак прашање!, пишува во својот статус на Фејсбук, Александар Пандов.

Понатаму тој вели:
Џабе беа сите предупредување уште тогаш, едноставно премногу силна беше заевата пропаганда да дојде гласот на разумот до секој еден човек. Сега ќе биде датумот, после ќе биде датумот, од владиниот авион Заев ни пушташе слики дека го носи датумот, па не бил тој датум баш за датумот наш што ни требал, но сме добиле датум за датум. Важно еве и ден денес датум нема, а со Заев и неговата хунта датум нема ни да има!
Во меѓувреме поминавме период во кои Македонија и ние Македонците ги проживеавме најцрните денови во демократска Македонија. Ни го шитнаа името. Стотици и стотици прогонувани, малтретирани и осудени сеуште се наоѓаат по македонските затвори и судници! Економијата ни е потоната, државата презадолжена, нема ни домашни ни странски инвестиции. Немаме ни образовани ни култура. Се замре.
А во здравството, е во здравството ги имаме Венко Филипче и Жарко Караџовски кои истото го стави ја на респиратор. Рекордери европски и светски сме по број на мртви. Вчера починаа 40, викендов сигурно и по 50 луѓе ќе умираат. Тоа е по цело едно средно големо македонско село да го избришеш неговото население и тоа на ден! 12.000 до 15.000 илјади евра ве делат од тоа дали ќе одите во приватна болница да се лекувате и да останете жив или да одите во државна и да молите со смс пораки да ви дадат кислород за да останете жив. За жал тука во Македонија денес и здравите веќе не се здрави, Заев, Филипче и СДС му го земаа менталното здравје на народот! Црнила на секој чекор.
После се ова единственото логично и здраворазумно решение е Заев да си поднесе оставка и да се направи влада за национален спас, која меѓудругото ќе има и задолжение да ги спроведе локалните избори до година заедно со предвремени парламентарни избори.
#ДолеХунта
#СлободаЗаУставобранителите, пишува Пандов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.