Во емисијата “Филибастер,, на радио Лидер гостуваше Александар Пандов претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ кој кажа дека вчерашниот собир бил собир за слобода на уставобранителите и патриотите кои што се неправедно осудени и тоа за тероризам од страна на Заев и СДСМ.
Она вчера што се случи беше собир за слобода, собир за слобода за на уставобранителите, патриотите кои што се според мене и според веројатно најголем дел од македонската јавност тотално неправедно осудени. Да потсетам тие се осудени за тероризам и како такви беа триесет и нешто луѓе кои што беа судени да потсетам дека 15 тина од нив со одлука тогаш во минатиот состав парламент беа амнестирани половина останаа затворени рече Пандов.
Пандов потенцираше дека затворските казни на уставобранителите се драконски и дека тоа се политички процеси односно дека тие луѓе се политички осудени на најбрутален начин од страна на Заев и власта.
Мислам дека седумнаесет или осумнаесет луѓе се останати во затвор и нивните затворски казни се на дванаесет петнаесет и осумнаесет години затвор. Ако тоа не е политичко судство ако тоа не беа политички процеси во кои што на најбрутален начин ја промовира својата сила својата моќ Заев и неговите бандити кои што го опкружуваат јас не знам друго што е појасни Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.