Во Македонија нема право и правдина, целата пресуда на осудените за 27 април се заснова само на еден сведок кој 5-6 пати даде различни изјави, а после втората изјава веќе не требаше да се земе како релевантен сведок, изјави претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во „Тема на денот“ на Тв „Сител“.

Зборувајќи за утрешниот протест за поддршка на уставобранителите, Пандов потенцираше дека дури и во најтоталитарните режими луѓето ги осудувале со барем двајца сведоци, а тука само со еден кој постојано менува изјави.

Тие луѓе никако не се терористи, осудени се врз основа на лажно сведоштво. Тие не бараат милостина, не бараат амнестија, туку фер и правично судење. Утре на протестот ќе се прочита Декларација со која ќе се побара правично судење за уставобранителите да може да се изборат за правда – истакна Пандов.

Во однос на организацијата на протестот, пандов вели дека ВМРО-ДПМНЕ единствено дава поддршка, додека органзиацијата е целата дијаспора која е против Заев кој уставобранителите неправедно ги осуди за тероризам.

ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на протестот, со повик до членството. Во самата организација на протестот, ВМРО-ДПМНЕ нема улога, а нема ни друга политичка партија. Но, ние како ВМРО-ДПМНЕ претходно имавме протести со барање за ослободување на уставобранителите, каде се обраќаа и членови на потесното семејство на затворените, имавме протест и пред затворот во Штип протест. И нема да се откажеме додека овие луѓе не добијат правда и правдина – нагласи Пандов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.