Менување на имињата на улиците во Град Скопје е последна работа која што Петре Шилегов требаше да ја направи, вели претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.

Пандов потсетува дека после добиените локални избори за градоначалник во 2017 година и ветувањето дека ќе ја реши Универзална сала, дека ќе направи нови булевари, дека ќе направи нови мостови, ќе имаме тунел под Калето, дека ќе имаме Луна парк за децата, ништо од тоа не е направено и целиот негов мандат се сведува на клучната работа а тоа е да ги смени имињата на улиците и притоа како и за се друго што прави СДСМ се прави идентитетски геноцид.

Имено, се менуваат имиња на народни херои, на револуционери, а на нивно место се ставаат разно разни ликови. Како пример ќе го дадам, се брише„ името на еден од најголемите имиња во македонската историја Павел Шатев, гемиџија и прв министер за правда, се брише името на Христо Батанџиев, на Борис Трајковски, на Теодосија Гологанов, или ако сакате на нобеловката Мајка Тереза – посочува Пандов.

Додава дека на нивно место се ставаат имиња на ликови кои што немаат никаква допирна точка со Градот Скопје и со македонската историја.

Како капак на сето тоа сигурно по наредба на Зоран Заев, шефот на Шилегов ќе имаме улица која ќе го носи она срамно обележје и потпишувањето на договорот од Нивици со кое што да потсетам ни се смени уставното име. Тука не застанува тој идентитетски геноцид кој што го прави Шилегов и Заев сега, туку измислија дека треба цела листа на имиња на луѓе кои што ја сочинувале призренската лига, ќе бидат носители на имиња на улици низ Градот Скопје – рече Пандов.

Тој вели дека чисто за потсетување Призренската лига е создадена и главната идеја на таа Призренска лига е правење на Голема Албанија.

Повторно, како многу пати досега идејата на Шилегов и на Заев е да се фрли коска која што наместо да се разговара во ова општество за она кое што е клучно криминал и корупција, ние треба повторно да разговараме за меѓуетнички теми – изјави Пандов.

Тој додава дека оттука со индигнација како Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлаат овие имиња и остро се спротивставуваат на нив.

Шилегов пак вели дека едно од неговите предизборни ветувања беше враќање на идентитетот на Скопје.

Ги враќаме старите имиња на добро познатите скопски улици – рече Шилегов



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.