Само во тоталитарни држави како Македонија, после скандал кој го обзнани претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски како братот на Зоран, Вице Заев се заканувал и изнудувал од фирма 250.000 € во кеш, плус менувана е во полиција пријавата во која најдиректно се посочува Вице, не е уапсен главниот рекетар или некој од неговите пајташи, туку се апсат полицајци! – коментира Александар Пандов.
Претходно беше објавено дека Александар Јанев, поранешен началник за организиран криминал во МВР во време на техничката влада и Илија Чалшев Менис, полициски инспектор за организиран криминал се осомничени и приведени поради оддавање службена тајна во случајот што го обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ за рекетот во РЕК Битола, а во кој како што обвини партијата, е вмешан Вице Заев, братот на премиерот. МВР потврди дека се приведуваат полициски службеници за оддавање службена тајна. Вечерва се приведени две лица, кај три е извршен претрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.