Ние како народ, и ние како партија, како ВМРО-ДПМНЕ треба да направиме се за да се спречи бугарсаката пропаганда. Простор од 100 дена за нова влада нема, бидејќи и нема нова влада. Сега не може да кажеме дека има нова влада, ова е старо – нова Влада, тоа се истите луѓе, од тоа што го кажуваа ништо не спроведоа, што би направиле сега. Оттука не гледам зошто опозицијата треба да молчи – рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на телевизија Канал 5 на емисијата Само вистина на која учествуваше и аналитичарот и поранешен амбасадор од СДСМ, Нано Ружин.
Патриотизам е да ја сакаш татковината, но и победата на ракометниот клуб Вардар е патриотизам, и Тоше Проевски кој не претставуваше во регионот и пошироко- посочи Пандов.
Пандов посочи дека СДСМ има двојни стандарди кога зборува за многу теми, на пример, за СДСМ некои се терористи, а некои кои им се приклучија во промена на Уставот не се терористи. Тој потсети и на тоа дека никој не направил ништо од Владата на СДСМ за реформи во судството. Како пример го посочи лицето кое усмрти лице кај Млечен, а доби само условна казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.