Горд сум што сум Македонец и што Гоце е Македонец, ние сме таа Гоцева раса, на власт е мафија која ништо не ценат и решени се да го продатат и најсветото, а тоа е Гоце Делчев, рече пред присутните на протестот, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.

Тој порача дека единствениот начин власта да се спречи во таквата намера е да излезе народ, да излезе многу народ.

Ве повикувам да излезмее помасовно и да кажеме дека сме Македонци од Република Македонија. Да живее ВМРО-ДПМНЕ, да живее Македонија!, порача Пандов.

Како што истакна Пандов, за да се спречи ова потребно е масовна излезеност, поддршка и сплотеност од страна на граѓаните.

Ние, како Македонци сме сега повикани да го спречиме да го направат тоа, меѓутоа сите вас сакам да ве предупредам ниту ВМРО, ниту Христијан Мицкоски, ниту Александар, ниту било кој од нас тука,  не можеме тоа сами да го направиме. Единствениот начин како можеме да ги спречиме е да излезе народот, многу народ на македонските улици, во македонските села и градови, сплотени и единствени. Само така и никако поинаку можеме да покажеме и докажеме дека тука, во Република Македонија живее народ чесен и достоинствен, народ кој говори на Македонски, народ кој што пишува на Македонски, народ кој што се идентификува како Македонци, дециден Пандов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.