Ние Македонците сме мирољубив народ. Во минатото кога сме се фаќале за оружје да се бориме, секогаш тоа било за да си го одбраниме своето парче земја, дом и семејство. Никогаш не сме војувале грабајќи туѓо. За жал низ историјата во Македонија поминале многу окупатори, од кои македонскиот народ има пролеано многу крв и солзи.
Христијански е да се прости, но не и да се заборави. Еден таков настан кој ние Македонците не можеме, не смееме и нема да го заборавиме, е масакарот на 12-те деца од Ваташа во 1943, кои биле стрелани од бугарските фашисти. Нивната старост била од 15 до 20 години.
Денес во 2021 година колаборационистот Заев, преку Мила Царовска сака да ја избрише македонската историјата и да фрли пепел на сите жртви и страдања, па во тоа име фашистичкиот окупатор го нарекува ,,администрација“.
Историјата не учи за минатото, зошто народ без минато, нема ни своја сегашност нити па иднина. За да му порачаме на Заев и неговите ,,браќа“ дека македонската историја не е за трговија и продажба, во недела (04.04), со почеток од 5 до 12 часот, во организација на Патриотскиот Институт на ВМРО ДПМНЕ и УМС, под слоганот ,,Да Не Се Заборави, За Да Не Се Повтори“ ве поканувам да се собереме во Моклиште кое е во близина на селото Ваташа, кавадаречко.
#МакедонскаПролет
#СлободаИлиСмрт, напиша на Фејсбук, Александар Пандов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.