Александар Пандов се заблагодари на ИК на ВМРО ДПМНЕ и на претседателот на партијата Христијан Мицкоски за искажаната доверба и чест да биде првиот претседател на Патриотскиот институт.

Ви ветувам на сите членови и симпатизери, како и на секој Македонец и граѓанин на Република Македонија кој си ја сака татковината и му е преку глава од сите национални, но и секакви други понижувања и неправди низ кои минуваме минативе три години, дека ќе се вложам целосно и сето мое време, знаење и енергија ќе биде насочено кон единствената цел, соборување на Заев и неговата хунта.

И не само тоа, ќе дадам се од себе во наредниот период Патриотскиот институт да го изградам во главен столб на ВМРО, да биде негова преторијанска гарда и перјаница, главна ударна тупаница и прва линија на одбрана на партијата и Македонија!
Низ многу тежок и лош период поминуваат Македонија и ВМРО, но па кога им било лесно? Та нели на мака се познаваат јунаците!

Браќа и сестри се гледаме на барикадите 
Да живее ВМРО
Да живее Република Македонија – порачува Пандов.

Му благодарам на ИК на ВМРО ДПМНЕ и претседателот Мицкоски за искажаната доверба и чест да бидам прв претседател на…

Gepostet von Александар Пандов am Dienstag, 8. September 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.