Неспособноста на власта да се справи со ковид-пандемијата вешто ја прикрива со нарачани текстови и напади против опозицијата, рече вечерашната „Што не е јасно“ претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.
Ова е терор, сите се сеќаваме на Вевчанскиот карневал, тој беше мирен, луѓето носеа и заштитни маски, сè беше како што треба, но едноставно Оливер Спасовски и Зоран Заев ја имаа пратено полицијата таму и видовме колкави полициски сили доведоа за да направат или да испровоцираат неред, истакна Пандов.
Пандов додаде дека и апсењето на Орце Камчев е само колку да се има некое апсење во Македонија.
Со тоа апсење само се прикриваат, заташкуваат сите афери кои им излегоа за само неколку дена. Ако Љупчо Николовски ова го сфаќа како за борба против корупција со казнување на луѓето од Вевчани со 17.000 евра тоа е нон сенс, тоа е едноставно страшно, тоа е надвор од разум, рече Пандов.
Пандов посочи дека власта од самото нивно доаѓање правосудниот систем го користат за терор врз граѓаните. Власта преку судот ги казнува граѓаните и не им дозволува да имаат право на свое мислење.
Како нема да раѓа револт, природно е тоа чувство, ако некој ме напаѓа, ако некој ме навредува, природно е и човечки да се бранам. Во даденава ситуација вербално или со пишан збор, јас имав таква ситуација меѓу другите кога Каракачанов ме имаше пишано дека имам бугарски пасош. Мислам како и што да каже човек на тоа? Јас воопшто немам бугарско државјанство, немам никакво друго и ниту сум помислил на тоа, истакна Пандов.
Пандов додаде дека ни на крај памет му било да вади друго државјанство или патна исправа. Тој има само македонско државјанство и тоа му е доволно.
Со тој случај се докажа дека коалицијата Каракачанов – Шекеринска – Заев функционира добро, за тоа што во момент кога им горат ушите на нив од аферата „Чајна Ваксајнс“ ние имаме директен напад на 10-15 луѓе и тоа стриктно од ВМРО-ДПМНЕ. Значи што е тука? Тоа е директно нарачан текст од СДСМ, за да биде напишан тој текст, појасни Пандов.
Пандов посочи дека тој не очекуваше дека Османи или пак Димитров ќе ги одбранеше нападнатите граѓани од Каракачанов за бугарско државјанство. За жал како и за се останатото во државата граѓаните се оставени сами на себе да се бранат од невистини и лаги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.