Во вчерашниот „Неделен брифинг” на „Инфомакс“ претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов говореше за семакедонскиот протест за уставобранителите од настаните на 27-ми април кој ќе се одржи во недела. Тој посочи дека на тие луѓе кои се осудени на 8, 9 или 15 години треба да им се даде шанса како и на оние од случајот „Монструм” или како на Љубе Бошковски за повторно судење.

Мораме да ги вратиме граѓаните назад малку. На цел амбиент каков беше тој пред 27-ми април. После неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за формирање на влада, цело време се говореше дека ќе се формира влада за национално разнебитување. Имено, се појави Тиранкса платформа, ние знаевме дека Зоран Заев ќе прифати било какви предлози од грчката страна и дополнително се појави Бугарскиот договор кој е ултра штетен. Оттука сосем оправдани беа ти протести. И џабе не беа толку масовни. Тој кобен 27-ми април треба да се потсетиме дека се пееше албанската химна и дека на сила со две раце кренати на Петре Шилегов со 58 пратеника беше избран Талат Џафери. И сега на целата таа подгреана атмосфера во која ти гледаш дека ти се разнебитува твојата татковина, се најде најпаметен Крсто Муковски и ги отвори вратите. Тоа е како на лавови во кафез да им ги отвориш вратите. Еве и граѓани на САД упаднаа во Капитол Хил, но не слушнавме дека тоа е тероризам. Перверзно е сега тој што ги отворил вратите да шета низ Македонија, а другите луѓе да бидат осудени на околу 200 години робија, истакна Пандов.

Не е ова само македонска работа, рече тој, во затворот се и еден Хрват Игор Југ, Мумир Пепиќ кој е Бошњак има и Албанец за кој пак Села сведочеше дека го бранел во Собранието.

Сето ова власта го направи за да го замолчат народот. Да влеат страв, рече Пандов.

Пандов порача дека секој граѓанин без разлика на вера и националност треба да се разбуди и во недела на 25-ти да дојде пред Владата и да му порача на Зоран Заев дека уставобранителите не се терористи дека тие се патриоти.

Треба секој еден од нас да разбере дека само физичкото присуство е највредно. Секој еден треба кој е самосвесен кој е против ова зло сега што се случува, без разлика на вера и националност дека треба на 25-ти во недела да излезе и јасно и гласно да му кажеме на Заев какво е нашето видување на нештата. Дали патриотите се терористи или терористи се оние во Собранието, рече Пандов.

Тој посочи дека основата на сите неправди подоцна почнува со осудените уставобранители од 27-ми. И тоа мора да се смени.

Да постои апатија и разочараност кај луѓето меѓутоа искрено и во тој дел чувствувам една нова македонска пролет. И повторно се буди надежта кај народот. Секој еден од нас треба да се разбуди и да се присети дека во Македонија само пред пет години не беа вака работите. Имавме инвестиции, се градеше се работеше. Затоа повторувам, во недела помасовно да се собереме пред Владата и енергијата да ја преточиме во синергија. И со срце и љубов да побараме правда и слобода за уставобранителите и патриотите, истакна Пандов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.