Александар Пандов на својот фејсбук профил напиша:
Огромна е штетата по Република Македонија која и ја нанесе Оливер Спасовски и неговата корумпирана мрежа со последната им афера ,,Мафија“. После ова многу нормално ќе биде, секој еден кој од Македонија ќе сака да летува во Турција и како патен документ го има македонскиот пасош, да биде ставен на црна лента со сите можни проверки. Да не зборувам за патување во западна Европа, за таму ако повторно не ни воведат визи треба да бидеме среќни.
Не се еден двајца, туку 214 прочуени криминалци, секој ,,експерт“ во својата област, дали било дрога, проституција, убиства, перење пари и водачи на разни озогласени кланови добиле македонски патни исправи! Која нормална држава и служба што ја има оваа информација не би се плашела од вакви ,,патници“?
И како капак на се излага Обиџуко на телевизија да се правда дека ете тој бил невин, пошто последниот мафијаш што го обелодени ВМРО дека ни бил ,,сограѓанин”, пасошот му бил издаден во јануари 2019 и мудро поставува прашање: Па, кој тогаш беше министер? Па ти бе идиоте!!!
Огромна е штетата по Република Македонија која и ја нанесе Оливер Спасовски и неговата корумпирана мрежа со последната…
Posted by Александар Пандов on Thursday, 8 April 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.