Три убиства во два дена е црниот биланс во последниот викенд од старата година. Додека по улиците се пука и се коле, министерот за внатрешни работи овора градинки, доделува награди или пак се расправа со Катица Јанева, коментира аналитичарот Александар Пандов по вечерашното убиство во Кичево.

Нова вечер, ново убиство! Револвераши и каубоици господарат со македонските улици. За ваков ли ЖИВОТ во ЕУ, Заев ни го менува идентитетот? Има ли оваа држава шериф или барем камшикар, што би рекол Зоран? Оливер Спасовски наместо да си ја гледа работата, тој се расправа со Катица и СЈО, а во остатокот време отвара градинки и локални патчиња. Важно патриотите ги држи во Шутка.
#Оставки
#НемаПравдаНемаМир
#ПравдаЗаПатриотите



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.