Намерата на движењето ГДОМ беше одбрана на Македонија бидејќи во тој период се случија т.н бомби и имаше опасност дека ќе ни се повтори аферата Големо уво од 2001 година за разнебитување на Македонија и носење на квинслишка власт, истакна на денешното рочиште Александар Пандов.
-Спиро Ристовски и Миле Јанакиески не даваа никакви инструкции за движењето. Не знам како би можел некој да ни кажува што да правиме. Немав комуникација со нив-рече Пандов.
Беше прашан и за протестите на ” За заедничка Македонија” и оти немал контакт со организаторите.
-Јас како поединец присуствувам на дел од тие протести. И тие како нас беа загрижени за иднината на Македонија и затоа протестираа- објасни Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.