Лидија Димова како прв човек на Националната агенцијата за европски образовни програми давала пари за фризерница и за обука на магариња. Оставка за Лидија Димова е најмалку нешто што треба да се направи, досега требаше да има истрага, за целата работа да се почне постапка. Дополнително станува збор за пари од европски програми, рече Александар Пандов, прв човек на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.
Пандов го спомена случајот и со Фондот за иновации.
Тоа очигледно оди по тоа да има список од СДСМ на кого да му се дадат пари, посочи Пандов.
Според Пандов вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски до сега требало да има нешто направено за случајот, а не вака само да има најава.
Ова е брутално крадење. Да се влезе во било која друга институција, како што ми кажуваат се трошат пари како да нема утре. Пример на овие лица е Зоран Заев и него го следат, а тоа нему му е својствено, вели Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.