Па добро бе мајку ви ваша неспособна до кога ќе не е*авате буквално со е, како бе не ви е срам не ве сфаќам, како е можно да немате грам човечност во вас? Вака експлицитно и бесно ја прашува власта музичарот Владимир Блажев – Панчо.

Тврдам дека до сега да имавте ЕДЕН, пази ЕДЕН со малку МОЗОК ќе ја решевте кризава многу одамна како што се реши и држи под контрола во Нив Зеланд, Австралија и Кина од каде и дојде болеста. Прост пример: Затвори се 21ден и од после, ставај буквално се што влага во земјава по 14дена во изолација при влез и тоа е тоа, ПРЕедноставно е. Кога велам ЗАТВОРИ мислам на ЗАТВРОРИ да важи подеднакво за сите, а не да мижите каде не ви е сигурно и јајцата ви се џамлии.
Ете ви ги хотелите кои поради кризата не функционираат и спроведувајте ги луѓето таму со полиција и нека си го платат и престојот зошто вие 100% не може и не сте способни да им го обезбедите затоа што поважни ви се бифтеците, лешниците и бадемите за вашите газови. Проста логика еве поправете ме ако грешам 🤷‍♂️
Ќе каже некој ама не може така ама знаеш индустријата, економијата бла бла бла….. Чекајте бе луѓе, 12месеци животариме тоест не живееме, а мала земја сме и е многу лесно да ја контролираш, исчистиш и да функционираш внатре, ама за тоа треба МОЗОК и желба. За вакцините не ни сакам да зборам, на еден обичен трговец од кванташки пазар да му дадевте задача ќе ви ги испорачаше до сега #РЕАЛНО
Жално за сите нас кај живееме и многу нормално е да се нема доверба во ниту еден политичар дека вие не сте политичари туку себични луѓе кои најбитно и примарно ви е да си ги обезбедите финансиски вашите 2-3 поколенија, а визијата за напредок на земјата и граѓаните кои ве гласале е сведено на една голема НУЛА. Срам сте голем и немој да мислите дека некој сеуште ви верува.
Циркуз држава, порача тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.