Судијата Владимир Панчевски тврди дека со помош на софистицирана опрема власта до изборите ќе ги блокира сите противници на власта на социјалните мрежи.
Од денес па во следниот период режимската власт има направено сондажа на клучните интернет точки и преку израелската опрема безбедносните служби ќе делуваат со блокажи и пад на интернет конекциите на сите корисници кои преку социјалните мрежи им се спротивставуваат на хунтата, пишува Панчевски кој важи за жесток критичар на власта која систематски врши притисок врз правосудните органи во кои работи тој.
Дел од корисниците на социјалните мрежи, инфлуенсери но и медиуми, веќе коментираат дека имаат драстично помал број на реакции (лајкови, споделувања и шерувања) од вообичаените но не знаат дали тоа е причинето од промена на алгоритми или поради други причини за кои зборува и судијата Панчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.