Рајчевци и Здравевци си се наместија, читај народе без срам и мерка, коментира судијата Владимир Панчевски за ранг листата за приемот на нови 60 слушатели на почетна обука како седма генерација на Академијата.
Како што открива судијата, меѓу следната генерација на судии и обвинители кои ќе излезат од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ се и ќерката на обвинителката Лиле Спасова, која го координираше „Поткуп“ и го поништи „Монструм“.
Потоа, ќерката на Гордана Смаќовска, заменичката на Вилма Рускоска, која како што потсетува Панчевски, покрена кривични против полициските службеници кои му сметаа на Оливер Спасовски.
Синот на новиот врховен судија Наќе Ѓорѓиев, кого го подготвуваат за нов претседател на Врховниот суд, кој е известител во жалбениот совет токму за Панчевски.
Синот на претседателот на Судски совет Киро Здравев, кој гласаше за разрешувањето на Панчевски.
Ќерката на Цветанка Иванова, поранешна пратеничка на СДСМ и секретар на Собранието.
КОЈ САКА НЕКА ЧЕСТИТА!!! Рајчевци и Здравевци си се наместија…https://t.co/z56WhCF7jM Читај народе без срам и мерка!!! pic.twitter.com/i8rFB1YtWM
— Владимир Панчевски / Vladimir Panchevski (@VladimirPanche6) June 25, 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.