СКАНДАЛ ОД НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ!
Европската Комисија истата онаа која треба да ги почитува и промовира европските вредности, на Унијата колевка на правдата и Европскиот суд за човекови права, со последниот извештај од 02.03.2020 промовира како успех неправосилно разрешување на судии, за кои сеуште трае жалбената постапка!- напиша на Фејсбук, Владимир Панчевски.
Понатаму тој пишува:
Оние постапки за разрешување кои во основниот извештај за 2019 ЕК ги цитира дека постапките против судиите од нив се сфатени како притисок, сега наеднаш за ЕК станаа успех. Што можеме да очекуваме од вакви вредности? Дали Европската Комисија со ова апелира неправосилните постапки да станат правосилни??? Каде е правото тука??? Што на ова би кажал Судот за човекови права на истата таа Европа???
Ова е лицемерието на дипломатите на ЕК во Македонија, за нив само извештај за Македонија и народот индикатор дека не им е до почитување на право и закон единствено работат Зоран Заев да опстане и остане на власт!- напиша Панчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.