Заменик-помошникот државен секретар на САД Метју Палмер зборуваше на Форумот за дијалог во Преспа осврнувајќи се на економските реформи, посочи дека регионот мора да го реформира енергетскиот сектор, што ќе донесе не само економски придобивки туку ќе ја зајакне и регионалната економска безбедност, со оглед на тоа дека регионот губи значителен број висококвалификувани работници.
Покрај економијата граѓаните од регионот се најмногу загрижени за корупцијата. Спротивставувањето на корупцијата е основа за зачувување и зајакнување на демократијата. Кога политичките лидери крадат од граѓаните на нивната земја, и го нарушуваат владеењето на правото и независното судство, економскиот раст се забавува, нееднаквоста се шири, како и правичниот пристап до услугите. Според тоа, реформите не треба да бидат дизајнирани само за заживување на економијата по ковид. Исто така мора да бидат во насока на зајакнување на демократските институции за да ги направат понезависни и потранспарентни, порача Палмер.
Со оваа изјава Палмер уште еднаш потврди дека декретот на американскиот претседател Џо Бајден не е „за мрчатори“, како што смета македонскиот премиер Зоран Заев, туку е порака за корумпираните политичари бидејќи претставува гобална закана за стратешките интереси.
Во извршната наредба потпишана од американскиот претседател Џо Бајден се предвидува замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои претставуваат закана по безбедноста и мирот на секоја држава на Западен Балкан, а новина е што од годинава санкциите ќе се однесуваат и на оние лица, кои, меѓу другото, се одговорни или вклучени во попречување на имплементацијата на Договорот од Преспа од 2018 година.
Извршната наредба ќе опфаќа и лица кои директно или индиректно се вклучени во корупција, злоупотреба на јавни фондови, поткуп и слично.
Меѓународната конференција „Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна” се одржува денеска и утре во Охрид и Отешево со учество на околу 300 учесници, високи домашни претставници, но и високи претставници на Европа и САД, меѓу кои премиери, претседатели, министри, генерални секретари на меѓународни организации, европратеници, претставници на граѓанскиот сектор. За настанот се акредитирани над 100 домашни и странски новинари.
Учесниците на Конференцијата ќе се осврнат и на трансатлантските врски, кои ќе бидат тема на дискусија и обработка на панелот на високо ниво на вториот ден од Конференцијата, каде ќе се разговара за враќањето на синергијата меѓу ЕУ и САД во однос на Западниот Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.