Кризата со Ковид 19 е трансгранично прашање и приоритет за секоја влада на планетата. САД активно работат заедно со земјите од Западен Балкан, како и со партнерите во Европа за да помогнеме во глобалниот одговор на актуелната глобална закана, истакна американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер на он-лајн видео конференција „Дипломатија во кризни времиња и други алатки за влијание во Југоисточна Европа во доба на КОВИД-19“ што ја органзираа Економскиот форум во Делфи и Атлантскиот совет, на која учествува и шефот на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров.

– САД веднаш издвоија значителни средства за помош низ целиот свет. Дел од средствата се директна помош за земјите од Западен Балкан, а дел одат преку меѓународните институции за борба со пандемијата. САД се најголем поединечен контрибутор во меѓународните институции, вклучувајќи го системот на ОН, како и во Светска банка, ММФ, ЕБОР кои сега преземаат мерки за помош и поддршка на економиите во кризата од пандемијата. Подршка стигнува и од американските граѓани и компании како Кока Кола, Микрософт, ИБМ, рече Палмер, посочувајќи оти Гугл помогнал за креирање на информативен сајт за Ковид-19 во  Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.