Растурен карневал во Вевчани од страна на полиција и ЕБР. Бројни незадоволни граѓани вчера ја критикуваа власта како растурила настан кој што претставува традиција. Многутте од присутните на карневалот оваа случка ја опишаа по социјалните мрежи како пресметка на власта со обичните граѓани.
Денес бев апсен. За ништо, се разбира.
Нема страв, нема предавање.
Има полициска бруталност, ама ќе им помине.Вевчанци, драги мои Вевчанци посебно Ви БЛАГОДАРАМ за ПРКОСОТ кон полициската бруталност.
Да живее Вевчани, да живе Македонија. pic.twitter.com/QfiAUWlVds
— Ѓорѓи Влајнкиноски 🇲🇰 (@gjorgjiVV) January 13, 2021
Бројни граѓани со полициско комбе беа однесени во станица. Од МВР нема податок колку други лица се приведени. Присутните на Вевчанскиот карневал, се судрија со полицијата за што говорат и бројни видеа.
Дали палката на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски под директива на премиерот Зоран Заев удри по обичниот граѓанин? Дали ова ја опишува демократијата во Македонија? Додека функционерите се гоштеваат по канцеларии и слават родендени со прекршување на протоколи за КОВИД – 19 остануваат неказнети. Односно токму тие функционери поминуваат многу полесно од граѓаните со минимална казна од 20-тина евра.
Таков пример беше и кога по одржувањето на локалните избори во Штип, бројни владини функционери кршејќи ги протоколите за КОВИД-19 ја прославуваа победата.
Владата за своите во Штип е мајка, а за народот во Вевчани маќеа, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по интервенцијата на полицијата на карневалот во Вевчани.
Кога Владата за своите во Штип е мајка, за народот во Вевчани маќеа. Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, не спречува роденден на пример во самата Влада. Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, на народот му забранува да организира карневал зашто тој е критика за Владата. Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ… Народе, добро запамети ги овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
Карневалот во Вевчани е на отворено и под маски, исто како што на отворено играа госпоѓите од „Џерусалем-Прилеп-транс”, но вториот настан не беше растурен од полицијата затоа што таму денсаше и градоначалникот на СДСМ заедно со директорките од партијата, во пофалба на власта. Престапот на маскираните Вевчанци бил што и по 1.000 години се „дрзнале” да ја критикуваат власта која не поднесува критики. Затоа пендрек! Крсто, по замолница на министерот за внатрешни, бил маскиран во специјалец и помогнал колку што можел, пишува на социјалните мрежи Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека граѓаните се револтирани, наместо министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да излезе и да ја информира јавноста зошто така постапил, единствено од МВР најавија дека по документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци.
ие кажаа дека полицијата интервенирала поради непочитување на забраната за групирање на повеќе од четири лица со што се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.