Љупчо Палевски – Палчо, активистот и претседател на движењето „Трета“, вечерва на Алфа телевизија истакна дека зад нападот кој што му се случи, во кој беше брутално нападнат и претепан стои власта, односно Заев и Мијалков кои ги обвини јавно дека стојат зад нападот.
Тоа беа наркомани, дилери, со мали скутери кои разнесуваат дрога низ градот, за грам–два, очигледно дека подземјето работи со власта, со политичката елита која бара вакви услуги од време на време, не само што ги обвинувам јавно, точно знам кои се, тоа се господинот Заев и Мијалков, затоа што имам и сведоци дека Мијалков официјално ми го праќа веќе три месеци откако излегов од затвор – вели Љупчо Палевски – Палчо.
Палчо говорејќи за напаѓачите вели дека биле двајца од кој еден со пендрак на извлекување кој му нанел 4 удари и еден со боксирач кој му нанел 8 удари.
Палчо исто така истакна дека причини за нападот од страна на носочените нарачатели има повеќе, од аферата „Атлантик“, во која тој ги изнел доказите дека е злоупотребена целата правна процедура, дека се прислушкувани активисти на „Бојкотирам“ за по секоја цена да се протне името зад оној референдум кој не успеа.
Со настаните од 27 април, тоа е истата онаа истрага, не е затворена, туку во истата се надоврзани сите активисти од „Бојкотирам“ и истрагата од 27-ми си ја продолжиле со тоа што не прогласиле за терористи и македонски екстремисти и јас сум идеолошки инспиратор за атентат врз Зоран Заев , така стои во истрагата штоја спроведува тогашната УБК – истакна Палевски.
Палевски рече дека тотална измислица е тоа што е дел од обвинението дека тој бил инспиратор на можен атентат на Зоран Заев кој требало да се изврши во болницата 8-ми Септември за да може некој судија да потпише налог за да бидеме ние следени.
Јас барав од обинителката Вилма Русковска која го работеше 27-ми да ме викне барем на информативен разговор зошто и како јас тоа сум планирал да убијам премиер на една држава, што е најсериозно кривилчно дело, но тоа не се случи еве поминаа два месеци, но се случи ова – вели Палевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.