Љупчо Палевски – Палчо, активист и лидер на движењето „Трета“ вечерва на Алфа телевизија со шокантни обвинувања кон власта за нападот и истрагата која се води, вели дека началниците на ДУИ ќе ја угушат истрагата, а го посочи поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков дека му се заканувал дека ќе го стави во буре со киселина, а за нарачатели ги обвини Мијалков и премиерот Зоран Заев.

Началникот за насилен криминал на Град Скопје, кадар на ДУИ и оној на Република Македонија е кадар на ДУИ и прават опструкции да нема ништо од ова истрага, најбрутално од се тоа што не дозволуваат со „Сејв сити“ да има вештачење обвинителството, односно да го искористи како аргумент за расчистување на овој циркуз којшто го направија и ова насилие – вели Палевски.

Палевски вели исто така дека по цела вертикала во делот на насилен криминал е во рацете на ДУИ, тука спаѓаат и протести, како тоа што се случува со навивачката група „Комити“, а познато е дека професионалност кадарот на ДУИ го поистоветува со тоа како ќе им кажат од партијата, како партиска задача, не како државна задача.

Политиката на ДУИ е насилна, јас не се откажувам од полицијата, но таа може се да заврши, ама кога началникот од ДУИ нема да му даде материјали од „Сејф сити“, нема да има никаков доказ, едноставно ДУи владее со такви структури, така дојде на власт и така и ќе продолжи да владее – вели Палевски.

Палевски остана на ставот дека нарачатели на нападот во кој беше брутално претепан се Сашо Мијалков и Зоран Заев, за кого вели дека Мијалков на неколку наврати му се заканил.

За ова имам и сведоци, подготвени на суд, на кое место и кога ми се заканил дека планира да ме стави во буре со киселина да не постојам – потенцираше Палчо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.