Со недели се збори дека ја изгубивте здравствената криза поради партиски интереси, и еве сме, црна дупка на Балканот, вели Ивор Мицковски.
Целото тоа форсирање избори мораше да се удри од глава.
Целото тоа ловење гласови на етничка и верска карта, мораше да се удри од глава.
Целото тоа шетање и терање кампања вон предвидени рокови и за време на епидемија, мораше и се удира од глава.
Со недели се збори дека ја изгубивте здравствената криза поради партиски интереси, и еве сме, црна дупка на Балканот.
Се тоа предизвикано од комплетно отсуство на држава во име на партија.
И што вика еден пријател, не ме ужаснува повеќе вашето лигавење кон верниците и поглаварите, него ми е жал за оние кутри жени во Штип што дозволивте да се експлоатираат во време на криза и да се заразуваат во пренатрупани автобуси.
Сега пола раководство или повеќе, ваши носители на листи и кандидати, и неколку институции со луѓе заразени или во самоизолација.
И што одбирате да правите?
Пак со глава низ ѕид и со претседател на партија и потпретседател кои различно лажат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.