Во услови на целосен распад на државата, зборувајќи за себе како Зоран Заев – во трето лице, градоначалникот на Кавадарци и пајташ на Заеви Митко Јанчев повикува на протест пред седиштето на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
Претставувајќи се како претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев доцна синоќа на Фејсбук повика на протест на 2 ноември за оставка на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Во момент кога претендентот Јанчев тргнува во бизнис-битка за партискиот трон на ВМРО-ДПМНЕ, во државата дневно се регистрираат повеќе стотици заразени од корона, а умираат десетици. Економијата е пред колапс, децата не можат да го остварат правото на образование. Во болниците нема место за заболените од ковид, а нега и медицинска помош не добиваат ниту хронично болните.
Воскреснувањето на кавадаречкиот градоначалник Јанчев, кој стана татко на Кавадарци со поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, а на последните избори работеше во корист на СДСМ, во овој момент е само одвлекување на вниманието на јавноста од суштинските проблеми. Дефокусот има единствена цел, а тоа е Митко Јанчев да му помогне на Зоран Заев вртејќи ги очите на јавноста кон несуштински теми, како што е оваа.
Претендентот Јанчев е повеќе во СДСМ отколку што е во ВМРО-ДПМНЕ
Дека Митко Јанчев застанува на сцената како човек на Заеви, потврди и генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбер Таравари, во гостување на емисијата „Што не е јасно“ .
Градоначалникот на Кавадарци, за изборите работеше за СДСМ, но во Кавадарци изгубија СДСМ, потврди неодамна градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.
Претендентот Јанчев, кој ја доживува партијата ВМРО-ДПМНЕ како своја лична партија, пред неколку месеци на трибина зборуваше за тоа каков лидер сака да биде тој лично.
Дај боже сите да бидеме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме – порача Јанчев.
Насловната фотографија на овој текст не е случајно избрана. Таа е настаната во Банско, вечерта по изборот на Јанчев за потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. На неа Јанчев, како што вели во едно скорешно интервју, во друштво на тајфата на Вице Заев, го прославува својот партиски успех во спротивниот табор(?!)
Оттука, ако на Митко Јанев навистина му дошло за доброто на Македонија, наместо на плоштадот „ВМРО“, нека излезе на плоштадот „Македонија“ и нека повика за смена на своите партнери Заеви.
„Случајно“ ја тргнал сликата од Тикешкото востание
Во емисијата „Во Центар“, Јанчев призна дека ја тргнал сликата од Тиквешкото востание затоа што не сакал да се кара со бугарскиот амбасадор.
Сликата е сменета од многу едноставни работи, не сакам да гледам слики со крвови, глави отсечени,,,случајно беше, изјави Јанчев,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.