Новинарот Насер Пајазити смета дека Алтернатива е независен политички субјект, кој сам одлучува, но нагласи дека таа направила промена во своите ставови за 360 степени со разговорите за да влезе во Владата.
Тоа е многу парадоксална одлука. Гледаме дека јавноста тешко го прифаќа овој пристап на Алтернатива да влезе во Владата. Но, од гледна точка на политичките игри, ДУИ е победник во сите овие игри, бидејќи таму Алтернатива ја игра улогата на превентивен фактор за да се одржи непроменета состојбата истакна Пајазити во дебатна емисија на ТВ Шења.
Пајазити рече дека, според комбинаториките, СДСМ без пратениците на Беса има 43 пратеници, додека ВМРО ДПМНЕ има 44 пратеници.
Ако оди со Ковачевски, СДСМ тешко ќе стаса до 61 пратеник и мандат за формирање влада, рече тој.
Според него, Алтернатива ќе ја има истата судбина како и Беса, наспроти ДУИ и СДСМ.
Ова е игра на премиерот, до 15 декември да имаме ситуација во која ќе се види дали ќе добиеме датум за европреговорите. Исто така, Заев може да игра игра и за да бидат во состојба да одат на избори. Се зборува дека токму ДУИ ќе ја игра таа игра, за да се оди на избори, смета Пајазити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.