Демократската Партија на Албанците и официјално објави дека ја прифатила понудата од Зоран Заев, за да биде дел од новата влада. Азем Садику од ДПА ја потврди информацијата по средбата со Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски која се одржа денеска во Клубот на пратениците.
Имавме покана за денешната средба и бевме заедно, делегацијата на партијата сопретседателот. Ни се понуди можноста да бидеме дел од идната влада предводена од претседстелот на СДСМ, Зоран Заев и ние како партија ја прифативме поканата и се формирани работни групи кои ќе се предводат од претседателот и секретарот на СДСМ Љупчо Николовски, изјави Садику.
Тој истакна дека на денешната средба не се разговарало ниту за ресорите и дека сите детали се оставени на работните групи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.