Секое чудо за три дена, а на СДСМ на Заев не му требаше ни толку. Откако Филипче ги искара непослушните социјалдемократи дека на митинзите треба да внимаваат и на ковид мерките, средбите во Аеродром и Карпош поминаа под маски.

Но, кога Филипче го нема, глувците оро водат. Овие фотографии се од митингот во Штип, каде што кандидат за градоначалник е колега на Филипче од фелата, лекар. Е тука, маските паднаа. Паѓаа и прегратки.

Дали доктор Николов не го почитува зборот на вториот човек во партијата или пак, гласот на Филипче му се слуша додека не му ја видат сенката, слободно толкувајте.

Зимата ние на прагот, а на светот му се заканува тешка и долга борба со петтиот бран корона. А како по обичај, кога маските паѓаат, кога мерките не ги почитуваат ниту оние кои ги днесуваат, вината ќе падне врз народот. И маката, секако.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.