Македонија е на 47-то место на листата земји чии пасоши овозможуваат најлесно патување, покажува рангирањето што го направи „Хенли паспорт индекс„ (Henley Passport Index) за 2020 година. Со македонски пасош слободно, без виза, може да се патува во 124 земји.

Во однос на минатогодишното рангирање, македонскиот пасош има пад за неколку позиции односно, лани бил на 43 место, а нашите државјани можеле да патуваат без виза во 125 земји.

Oд земјите во регионот пасош со кој најлесно се патува има Грција која е на осмото место, Хрватска е на 19-то место,  српскиот е на 40-то место, а Босна и Херцеговина на 52-то место според индексот на компанијата „Хенли и Партнерс.

Најсилниот пасош во светот во моментот е Јапонците, чии сопственици можат слободно да патуваат во 191 земја во светот.

По јапонскиот пасош, најсилен е пасошот на Сингапур (190 дестинации), потоа Јужна Кореја и Германскиот  (189).

На четвртото место се Италија, Финска, Шпанија и Луксембург со 188 неограничени патни дестинации, а на петтото место се данските и австриските пасоши (187).

Шесто по сила се шведски, француски, португалски, холандски и ирски пасоши од 186 земји до кои е можно да патуваат без виза, а потоа на седмото место го делат швајцарските, американските, британските, норвешките и белгиските (185).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.