Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска оствари неформална средба со министерот за дигитална политика, телекомуникации и медиуми на Република Грција, Никос Папас.
Истакнувајќи дека средбата е резултат на веќе цврстото пријателство меѓу двете земји, Заев посочи дека освен на политички план, на Република Македонија и на Република Грција им се отвораат големи можности за соработка и во дигиталната сфера.
На средбата, Македонија и Грција го потпишаа првиот билатерален договор – меморандум за разбирање за намалување на роаминг услугите. Потпис на документот денеска во Владата ставија министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и грчкиот министер за дигитална политика, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас.
Регулаторите во двете земји треба да ја одредат динамиката на намалувањето на роамингот, а првите придобивки се очекува граѓаните да ги почувствуваат пред почетокот на туристичката сезона, кога и ќе се зголеми протокот на луѓе меѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.