Договорен е премиер по принципот три години Заев, една Зибери, ДУИ ќе управува со УЈП и МВР, јави попладнево Канал 5.

Тоа значи три години на чело на владата да биде Зоран Заев ,една година Насер Зибери, јавува телевизијата повикуваќи се на партиски извори.

Канал 5 објави и дека на ДУИ и е доделено управувањето со УЈП и со Министерството за внатрешни работи.

СДСМ, претходно соопшти дека програмата на новата влада во најголема мера ќе биде посветена на  економијата каде главните принципи се платите и пензиите да продолжат да растат, да се вложува во младите и во рамномерниот регионален развој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.