Во политиката вредиш колку имаш гласови. Јас зборам во име на единица каде што бев носител. Ако споредиме пред 4 години кога носител на листата беше Груби, ДУИ беше трета по ред во Чаир и многу слабо котираше во Скопје.
За локалните избори се прават анкети и се гледаат како котираат луѓето и мислам дека истотот тоа треба да биде принцип и за „егзекутивата“. Ова не е експертска Влада и таму треба да има луѓе кои што имаат легитимитет и кај гласачите, да котираат добро на анкетите, што во овој случај не е така, рече Изет Меџити во Утрински брифинг.
Прашан за евентуалната смена на долгогодишниот лидер на ДУИ, Меџити потсети дека на редовниот конгрес на ДУИ, што се одржа лани, Ахмети беше едногласно избран.
– Се очекува уште повеќе години да биде на чело на партијата, немаме дилеми околу тоа, изјави Меџити и додаде дека треба да се работи екипно, да се поделат задачите, а останатото се нормални разлики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.