Медицинските тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија пред полноќ почнаа експлантација на бубрези и срце од 44-годишна пациентка која вчера попладне е дијагностицирана со мозочна смрт.
Тројца пациенти ноќеска се подготвуваа за трансплантација на органиите – срцето и бубрезите од донорот. Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите почна по полноќ, а потоа и експлантација на коскени ткива.
Целата постапка ја водеа болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.